Home / Градска хроника / Камион удри во трактор

Камион удри во трактор

Доцна синоќа, на регионалниот пат А 3, Прилеп- Битола, кај бензиската пумпа “Пелагонија Петрол “ се случи тешка сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.

Несреќата се случила кога дошло до судир помеѓу товарно возило, марка  “Фиат Дукато“, кое било управувано од  возачот Љ.М, на возраст од 61 година од Битола  и трактор, со битолски регистерски таблици, управувано од тракористот Н.В на возраст од 30 години, од битолското село Крклино.

Во несреќата потешко е повреден трактористот Н.В, додека возачот на камионот се здболи со полесни телесни повреди.

Двајцата повредени се згрижени во Клиничката болница во Битола, каде им е укажана помош и се задржани на натамошно лекување.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!