Don't Miss
Home / Култура / Каролина Гочева со концерт на 24 октомври во Битола

Каролина Гочева со концерт на 24 октомври во Битола

Македонската поп дива Каролина, на радост на многубројните обожаватели, на 24 октомври во Битола ќе го одржи промотивниот концерт на нејзиниот последен музички албум “ Македонско девојче 2“ кој важи за  еден од најслушаните музички албуми  меѓу пошироката  публика.
Промотивните концерти на Каролина Гочева со проектот „Македонско девојче 2” во Битола и во Охрид, кои ова лето беа откажани поради прераната смрт на сопственикот на “Авалон продукција”, ќе се одржуваат оваа есен.
Покрај концертот во Битола на 24 октомври и во Охрид  е закажан концерт за  25 октомври.
Концептот на овие концерти ќе биде истиот од промотивните концерти во Македонската опера и балет кои се одржаа оваа година, во првиот дел од концертот во целост ќе биде изведен албумот „Македонско девојче 2”, а во вториот дел ќе бидат изведени песни од албумот „Македонско девојче 1”.

Влезниците во продажба по цена од 400 денари ќе бидат пуштени од 1 октомври.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*