Home / Вести / Катанец за 60 кафемати

Катанец за 60 кафемати

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешната редовна прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од инспекциски надзори од повеќе инспекциски служби во надлежност на Советот, за периодот од 9-13 април. Притоа за овие пет дена соопшти Филиповска-Грашкоска од страна на шест инспекторати се направени вкупно 1.319 надзори.

„Државниот пазарен инспекторат во периодот од 9-13 април направи 514 контроли од кои еден дел се однесуваат на работењето на угостителските објекти, а останатиот на контроли на замрзнатите цени на одредени производи. Притоа се затворени вкупно 5 угостителски објект сите во Скопје, а од визуелната обиколка низ повеќе градови констатирано е дека угостителите ги почитуваат забраните за работа. Државниот пазарен инспекторат изминатите пет дена интензивно ги контролираше и кафематите на бензинските пумпи и на други локации при што се забранети за употреба 60 кафемати во Скопје, Тетово, Битола и Куманово“, рече Филиповска-Грашкоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!