.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Спорт / Кик- бокс клубот “Самурај“ 100% реализација

Кик- бокс клубот “Самурај“ 100% реализација

Во саботата, на 30.08.2014 г. во Спортската сала “Гемиџии“ во Велес, во организација на Кик-боксинг федерацијата се одржа изборно државно првенство во кик-бокс на кое учество зедоа најдобрите кикбоксери од Кик-бокс клубот “Самурај“ од Битола, при што сите покажаа гладијаторски борби, станаа државни прваци и е освоија златни медали обезбедувајќи си место во репрезентацијата која ќе патува на Европското првенство во Шпанија.
Бојан Крстевски (-71 кг) во дисциплината лоу-кик совладувајќи ги своите двајца противници стана државен првак во својата категорија. Дејан Ристевски (-75 кг.), исто во дисциплината лоу-кик, се искачи највисоко на пиедесталот, освојувајќи златен медал, Александар Најдовски – Сканта (-86 кг) стана државен првак во својата категорија и само го потврди своето одамна заслужено место во репрезентацијата, а исто така своето место како државен првак го потврди и Александар Димовски – Димса во тешка категорија (+ 91 кг) ос-војувајќи златен медал.
По завршувањето на првенството тренерите на нашиот најтрофеен кик-бок клуб “Самурај“ Гордана Цветковска-Бошевска и Тони Бошевски, ни изјавија дека ќе продолжат со уште поголеми вложувања во спортистите, голема дисциплина и посветеност, како и интезивирање на тренинзите за достојно претставување на овие момчиња, а секако и на нашиот град и државата во Шпанија.
Од Заншин Никола Бакалов настапи во дисциплината К-1 во категорија +91кг. и освои златен медал, Денис Муаремовски во лоу кик -60 кг. исто освои злато, а Борце Тироски во лоу кик во категорија -67 кг. се закити со сребрен медал.
С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*