Home / Uncategorized / Клиничка болница:Има реагенси за загрозените пациенти, во тек е тендер за нови количини

Клиничка болница:Има реагенси за загрозените пациенти, во тек е тендер за нови количини

Со реакција на прес-конференцијата на ЛДП,   се огласи менаџерскиот тим на Клиничката болница- Битола.  Реакцијата ја објавуваме во целост.

– Службата за нуклеарна медицина при Клиничката болница- Битола ги има количините на реагенси што се потребни за витално загрозените пациенти. Во тек е новата тендерска постапка за нови количини на потребниот реагенс за иследувње на нивото на хормонот тироксин во крвта. Кај хронично болните пациенти кои имаат отворено картон во оваа служба,  редовно се вршат контролни прегледи закажани во “мој термин“, што значи дека работата на Службата се одвива според предвидената динамика. За тоа доволно говори и податокот од 13000 пациенти на годишно ниво и тоа од целиот југозападен регион кои се прегледани во Службата за нуклеарна медицина при Клиничката болница-Битола. Што се однесува до споменатата едукација на началникот на Службата, таа е предвидена и се реализира во склоп со предвидените активности на Министерството за здравство- стои во рекцијата на менаџерскиот тим на Клиничката болница испратена до медиумите.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*