Don't Miss
Home / Вести / Коњановски: Да го славиме Воскресението и секој ден со добрина да го исполниме

Коњановски: Да го славиме Воскресението и секој ден со добрина да го исполниме

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска упати честитка за Велигденските празници.

Почитувани мои сограѓани, драги пријатели,Светлината на денешниот ден нека ги исполни Вашите домови, нека внесе љубов и радост во семејствата, за да можеме во мир и хармонија да ги поминеме празничните денови, но и секој нареден ден да живееме со меѓусебно почитување, разбирање, хуманост и добрина. Нашиот Бог се жртвуваше земајќи ги врз себе нашите гревови. Доброто нека продолжи да биде наш водич кон светлата иднина. Да го славиме Воскресението и да се обидеме секој ден со добрина да го исполниме. Христос Воскресна!Навистина Воскресна!За многу години големиот христијански празник Велигден! стои во честитката на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*