Home / Спорт / Кој е сопственик на ФК Пелистер?

Кој е сопственик на ФК Пелистер?

Кој е сопственик на ФК Пелистер?

Ова прашање во последно време се почесто и погласно се поставува во фудбалските кругови во Битола.

Иако на полусезона дотогашните доминантни сопственици ЗК Пелагонија и Орка Холдинг кренаа раце и го оставија клубот на милост и немилост по што Пелистер го напуштија дури 17 стандардни првотимци и  оставија за судбината на Плистер да се грижи само општината Битола, сепак во последно време може да се слушни дека Пелистер воопшто не бил вратен на Општината Битола и дека сопствениците не се повлекле од клубот.

Напротив многумина тврдат дека сеуште старите акционери се сопственици на доминатниот пакет акции на Пелистер и дека со клубот раководи старото раководство, а платните налози ги потпишува стартиот директор, кој одамна ја напушти Битола.

Во фудбалските кругови може да се слушне дека иако Пелистер ја напушти Првата лига сепак раководството на клубот нема намера да се повлече бидејќи ги очекува парите кои треба во износ од 300.000 евра да стигнат од ФФМ.

Во фудбалските кругови може да се слушни дека многу работи во Пелистер се матни и дека се играат разни игри околу финансиите.

Дека тоа е така најдобра потврда е што со клубот сеуште раководи старото раководство кое јавно се откажа од Пелистер, а во Управата на клубот сеуште како (не)извршен директор фигурира екс секретарот на Општината Битола Слободан Бончановски, кој е суспендиран и остранет од работното место.

За се што се случува во и околу Пелистер читајте во печатеното издание на Битолски весник кој ќе излези на

4 јули.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*