Home / Култура / Концерт на дуото Калиопе од Германија

Концерт на дуото Калиопе од Германија

Во рамките на ИнтерфестБитола во понеделник, на 02 јули, со почеток во 20.00 часот во салата на Завод Музеј Битола ќе се одржи концерт на КАЛИОПЕ ДУО од Германија. Дуото е формирано во 2002 со поетското име на музата на антиката Калиопе”. Го сочинуваат реномираните уметници, виолинистот и диригент Арташес Стамболизијан и пијанистката  Зара Стамболизијан кои студирале во Ереван, Ерменија, и потоа во Хановер, Германија. каде и денес живеат и делуваат. На нивниот репертоар се ремекдела на музичкото творештво од барок до модерна. Настапувале на познати фестивали во Германија, Австрија, Ерменија, Франција, Италија, Романија. Снимиле 2 компакт дискови на камерна музика. На концертот во Битола ќе се претстават со музика од Корели, Шуберт, Шуман, Брамс, Свендсен и Барток. Влезот е слободен.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!