Home / Спорт / Колку должи РК Пелистер!?

Колку должи РК Пелистер!?

Утре Советот на Битола ќе одржи вонредна седница за купо-продажба на РК Пелистер.

Како што стојат работите на утрешната седница најверојатно Еурофарм Работник ќе го купи РК Пелистер и од идната година Битола ќе има два ракометни клуба:

1.Еурофарм Пелистер и

2 Еурофарм Пелистер 2

Познати се условите под кои Еурофарм Работник ќе стане доминантен сопственик на РК Пелистер.

Единстевно што не се знае е колку пари општината Битола ќе треба да плати за сите долгови кои ги има РК Пелистер, особено за фамозната 2017 година кога со клубот раководеше Општинската власт предводена од екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески, а кои новиот сопственик не сака да ги признае.

Инаку токму долговите на РК Пелистер беа причина Еурофарм Работбик да одолговлекува со купувањето на РК Пелистер.

Јавноста очекува дека многу детали околу купо-продажбата на РК Пелистер ќе се знаат утре, за време на седницата на Советот кога се очекува да има претставници како од Општината Битола, така и од Еурофарм Работник, а и претставници на навивачката група “чкембари“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!