Don't Miss
Home / Вести / Компанијата IW Connect донираше кошаркарско игралиште во Брусничка населба

Компанијата IW Connect донираше кошаркарско игралиште во Брусничка населба

 Како резултат на соработката на општина Битола и компанијата IWConnect, денес беше пуштено во употреба реконструираното кошаркарско игралиште во Брусничка населба, кое е дел од проектот на компанијата за реконструкција на спортски комплекс во оваа населба.

Денешниот настан, го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој јавно се заблагодари за реконструираното игралиште, нагласувајќи дека, со ваков вид на проекти во иднина значително ќе се подобрат условите за спортски активности на младите во општината.

Александар Мемца, партнер во ⋮IWConnect изрази благодарност до општина Битола за дадената можност за инвестиција, како и благодарност до сите оние кои помогнаа овој проект да се реализира. Тој нагласи, дека во тек е и втората фаза од проектот, која опфаќа реконструкција и на детското игралиште непосредно до кошаркарското.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*