Don't Miss
Home / Вести / Петар Ставрев засади дрво во алејата на наградените за животно дело

Петар Ставрев засади дрво во алејата на наградените за животно дело

               

Петар Ставрев, годинешниот добитник на наградата за животно дело „4 Ноември”, ја продолжи традицијата на засадување дрво во Алејата на добитниците на награди за животно дело во Градскиот парк во Битола.

 Петар Ставрев во присуство на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски засади дрво во алејата на наградените  битолчани за животно дело.

Градоначалникот, Тони Коњановски посочи дека е посебна чест е да се биде повторно со добитникот на наградата за животно дело „4 Ноември”.

-Оваа награда како никогаш до сега, отишла во вистински  раце, а тоа го видовме сите и бевме сведоци на повеке минутниот аплауз на доделувањето, кои граѓаните го дадоа, а поголема потврда од тоа не може да има. Ја продолжуваме традицијата на засадување дрвце во чест на новинарот, граѓанинот, хроничарот на Битола, фотографот, документаристот Петар Ставрев, урбана легенда на градот Битола, човек без кој Широк Сокак не е Широк Сокак,рече градоначалникот Тони Коњановски.

Добитникот на наградата за животно дело Петар Ставрев изрази задоволство што се наоѓа во кругот на граѓаните на Битола кои имале големи достигнувања за градот Битола.

-Би сакал овде да кажам нешто за Битола. Битола никогаш не посегнала по туѓи градови, по туѓи имоти, ниту од неа тргнале војски кон други терени, а знаела да ја одбрани својата слобода и демократија, со млади личности, кои го положиле животот за нејзината слобода. Се надевам дека така ќе биде и во иднина, зашто нашиот град ќе го освојува светот со културни постигања, со спортски активности и со други знаења за кои што имаме мок и сила, рече Петар Ставрев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*