Home / Uncategorized / Компанијата “Кромберг и Шуберт“ додели стипендии за студенти на техничките факултети

Компанијата “Кромберг и Шуберт“ додели стипендии за студенти на техничките факултети

Доделени првите 5 стипендии од КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола за студенти на техничките факултети при Универзитетот „Св. Климент Охридски“.

КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола е компанија за произвдство на кабелски сиситеми за автомобилската индустрија со локација во индустриската зона „Жабени“ во близина на Битола. Дејноста на оваа компанија се одвива веќе 5. година и бројот на вработените константно се зголемува. Моментално во компанијата се работи на 2 активни проекти: Проектот за Mercedes Vito & V-Class, како и проектот за Audi A4. Во развојна фаза е проектот за Mercedes Sprinter, додека проектите за Mini Cooper и BMW X1 се вбројуваат во успешно завршените проекти од постоењето на компанијата.

„Со самото зголемување на компанијата како и зголемувањето на вработените во истата се наметнува и потребата од нов образован и специјалистички кадар кој ќе биде вработен со идните регрутации. Самата таа потреба нѐ мотивираше да почнеме со стипендирање на студенти од профилите кои најмногу се бараат во нашата компанија. Годинава за прв пат, КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола додели 5 стипендии на студенти кои студираат на техничките факлутети при Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Се надеваме дека со овој потег ќе придонесеме до зголемување на професионалниот развој меѓу студентите како и за поголема мотивираност за учење. КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола и понатаму во годините што следат ќе објавува нови конкурси за стипендирање кои ќе бидат достапни за сите студенти при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ без разлика на кој факултет студираат. Од досегашната соработка со Универзитетот можеме да се пофалиме дека сме овозможиле пракса на заинтересирани студенти, најчесто апсолвенти кои имаа прилика заедно со своите ментори да се запознаат практично со процесите кои се одвиваат во комапнијата. Соработката и понатаму продолжува и ќе бидеме презадоволни доколку придонесеме за  развојот на младите и како на професионално така и на лично поле“ – велат претставниците на  компанијата.

Имено, условите кои треба еден студент да ги исполнува за да аплицира за стипендија се следните:

  • Да е редовен запишан студент на еден од факултетите при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ по прв пат
  • Да не е корисник на ступендија од друга установа или компанија
  • Да има минимален просек од 8.0 во студиската година во која аплицирал, а за продолжување на стипендијата треба во наредните години да остварува миниммум 8.5 просек

КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола моментално брои повеќе од 3900 вработени со тенденција овој број и понатаму да се зголемува.

Од компанијата им  посакуваат  многу среќа и успех на стипендистите во нивниот натамошен развој и ги охрабруваат  сите студенти кои ги исполнуваат условите да аплицираат за стипендија наредната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*