Home / Свет / Црна Гора официјално стана членка на НАТО

Црна Гора официјално стана членка на НАТО

Црна Гора  официјално стана 29. членка на НАТО откако на церемонијата во Стејт департментот, делегацијата на Црна Гора, предводена од премиерот Душко Марковиќ, ги предаде инструментите за ратификација на Северно-атлантскиот договор на американскиот потсекретар Томас Шанон.

-Ветувањето за членство носеше со себе демократски вредности и почитување на владеењето на правото. Тоа значи дека треба да се спроведат тешки реформи и дека Црна Гора тоа го направи, и на тој начин стана членка. Ние исто така сме благодарни што Црна Гора ги презеде и финансиските обврски што ги носи членството, изјави Шенон.

Шенон истакна дека Црна Гора била доверлив партнер во мисии на НАТО.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*