Home / Култура / Концерт во Битола посветен на Кирил Македонски

Концерт во Битола посветен на Кирил Македонски

По повод 90-годишнината од раѓањето на македонскиот композитор Кирил Македонски, денеска (15-ти мај) со почеток во 19 часот во Народниот театар во Битола ќе се одржи концерт…

Концертот е во организација на Македонското Научно Друштво и МАНУ.

Кирил Македонски на нашата музичка сцена се појави во почетокот на педесеттите години. Интересот, па и љубовта за музиката потекнуваат, сепак, од најрано детство. Самиот на едно место вели дека таа, уште додека бил дете кај него предизвикувала еден вид „музичка треска”, „зголемена температура”.

Вниманието на музичката јавност кај нас го предизвикува појавата на неговата симфониска поема „Танчарка” (1951).

Кирил Македонски напишал многу оркестарски, камерни и хорски дела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*