Кошаркарскиот клуб Пелистер уште еднаш покажа дека спортот е повеќе од игра-тоа е заедништво, поддршка и вложување во иднината.

„Со голема радост ја примивме нивната донација на спортска опрема за нашите ученици, која ќе им овозможи подобри услови за тренинг и развој.

Овој гест не само што ќе го поттикне спортскиот дух кај учениците, туку и ќе ги мотивира да се стремат кон успех и посветеност. Од срце им благодариме на клубот Пелистер за нивната несебична поддршка, грижа и емпатија кон децата со попреченост информираа на нивната официјална Фејсбук страница од основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ Битола.