Home / Uncategorized / Кривична пријава за Владимир Талески за “Копанки “

Кривична пријава за Владимир Талески за “Копанки “

                 

          Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска денеска објави дека општина Битола поднесе кривична пријава против екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески  и други лица за легализацијата на планинарскиот дом “Копанки”.

          Кривичната пријава против Талески  и другите лица  е поднесена за злоупотреба на службената положба при донесувањето на правниот акт  за легализација на планинарскиот дом “ Копанки”.

Актуелната градоначалничка на Битола,  Наташа Петровска  испрати молба до судските органи што побрзо да го расчистат не само овој случај со легализацијата на “ Копанки “, туку и другите судски предмети кои се водат против екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кои сеуште немаат судска разрешница.

          – Јас ја поништив легализацијата на “Копанки “ која претходно беше донесена од Талески,  со која домот му беше даден на ПСК “Пелистер”. На таквото решение на општината Битола, ПСК Пелистер  поднесе жалба до Министерството за транспорт и врски, со која  го обжали решението. Но Министерството за транспорт и врски одлучи дека жалбата е неоснована.

           Планинарскиот дом “ Копанки “ е објект за кој општина Битола  е подготвена да изврши целосна  реконструкција како би можеле сите битолчани, љубители на планината, заедно повторо да пијат на “Копанки”, истакна градоначалничката Наташа Петровска, на денешната прес конференција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*