.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Кривична пријава за геометар

Кривична пријава за геометар

СВР Битола поднесе кривична пријава против 49-годишниот Г.Н. од Битола, самостоен референт за геодетско катастарски работи, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Геодетот без никаква правна основа извршил промени на сопственост на куќа со деловени простории на ул. „Петар Петровиќ-Његош“, со кои стопанисувало АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Р.Македонија.

Во 2011 година пополнил пријава за запишување промена во катастар на недвижности, без знаење на Н.Ј. од Битола, со што ја пренел куќата во нејзина сопственост, а потоа во 2012 година со непостоечки купопродажен договор ја пренел куќата во сопственост на Н.У. од Радовиш, со што Г.Н. прибавил значителна противправна имотна корист, а ѝ нанел значителна штета на државата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*