Без опозиција, без реплицирања и жестока дебата денеска продолжи со работа Комисијата за финансирање и буџет. Работата на комисијата која цела недела беше закочена ја одблокира претседателот на Собранието Талат Џафери, назначувајќи го за претседавач Васко Ковачевски од владеалкото мнозинство.

Ковачевски пред да го почне продолжението на Комисијата на прес-конференција ја повика опозицијата да се врати на расправите за предлог-буџетот за 2018 година.

„Ние како владеачко парламентарно мнозинство сме должни да обезбедиме општа амандманска расправа за буџет. Верувам дека и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат на седницата и ќе дадат свој придонес во подготвокатана буџетот, со оглед дека имаат поднесено голем број на амандмани. Доколку решат да се вклучат во работата на комисијата, претседателката Лилјана Кузамновска може да продолжи да претседава со истата.“ – изјави Васко Ковачевски, претседавач на Комисијата за финасирање и Буџет.