Home / Култура / Мал драмски театар победи на Фестивалот “Екс Понто“

Мал драмски театар победи на Фестивалот “Екс Понто“

Претставата „Жени без маж и ништо повеќе” на Малиот драмски театар од Битола, во режија на Софија Ристевска, победи на фестивалот на изведувачки уметности „Екс Понто” во Љубљана.

Во конкуренција на претстави од повеќе европски држави и реномирани театри и со директно гласање на публиката за секоја претстава, битолските актери ја добија највисоката оцена 4,63 со што го освоија високото фестивалско признание.

Според оценките на словенечката публика, второто место на „Екс Понто” годинава го освои претставата „Патриотски хипермаркет” од Србија, оценета со 4,51, а третопласирана е претставата „Горски венец” што ја изведе театарот од Подгорица, Црна Гора, и на која публиката и даде оцена 4,32 .

Малиот драмски театар – Битола во Корча, Албанија, вчера настапи на интернационален фестивал „Албамоно” каде што ја изведе претставата „Столови” од Ежен Јонеско, во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*