Home / Македонија / Малите ѕвездички блеснаа во Карпош

Малите ѕвездички блеснаа во Карпош

Осмата вечер од „Културното лето Карпош-2017“, со неверојатно енергичниот настап ја одбележааа младите музички надежи, Мартија, Мина, Драгана, Благица и Магдалена. Нивниот вокален настап, се чини дека привлече најмногубројна публика која досега присуствувала на овoгодинешната културна манифестација. Со одлично осмислена кореографија и беспрекорниот сценски настап, музичките ѕвездички  ги придружуваа младите талентирани танчерки од групата „Aqua Dance Club“ кои демонстрираа перфектна координација и синхронизираност во играњето. Тие успеаја да ги дигнат на нозе присутните љубители на добриот ритам, кои очигледно уживаа во 90 минутниот музичко-сценски спектакл.

Амбиентот  особено се „вжешти“ по изведбата на познатите македонски и светски музички хитови како што се, „Во коси да ти спијам“, „Despacito“, „Врати ми го сонцето“, „How deep is your love“, „Vertigo“ и сл. Уште една прекрасна ноќ во Карпош за паметење, во која младите ѕвездички покажаа дека за успешен музички продукт не е потребно само искуство, туку и многу љубов, ентузијазам и бескрајна визија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!