Home / Вести / Боемски вински салон

Боемски вински салон

 На 27 декември 2018 година во холот на Народен театар Битола со почеток од 15 часот ќе се одржи првото издание на „Боемскиот вински салон“ во Битола,

-Завршувајќи ја успешно 2018 година за нашата организација, сакаме на Битола и Пелагонискиот регион да им понудиме еден нов настан, на кој ќе се запознаеме подобро со малите производители на вино, да ги слушнеме нивните вински приказни и на кој ќе може да се дегустираат  вина направени со страст.  На овој начин сакаме да ја градиме винската култура во нашиот регион да едуцираме за поднебјето, за зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, техниките на производство на вино и животната средина, се вели во поканата на  организаторот    „Слоу Фуд Битола“, кој оваа манифестација ја одржува со  поддршка на Општина Новаци,  ЈП Водовод, Битола, Горска вода, Бабук, ЈП Пазари, Битола и Народен театар Битола. На   Боемскиот вински салон ќе се изврши  презентација на вина малите винарници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!