.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Спорт / Меморијален турнир “ Боро Чурлевски “

Меморијален турнир “ Боро Чурлевски “

Од 30-ти Август до 2-ри септември во Спортската сала “Младост” ќе се одржи првиот меморијален турнир „Боро Чурлевски“. РК Пелистер ќе бидат домаќини во втората група а за противници ќе го имаат францускиот тим Шербург кој за прв пат ќе гостува во Македонија истото важи и за шампионот од соседна Грција , Олимпијакос кој безрезервно ја прифати поканата да гостува во конзулска Битола и ја осети еуфоријата на најракометен град на Балканот , кратко ни искоментираа од атинскиот клуб . Во првата група новајлијата во Суперлигата екипата на Бутел ќе ја има честа да го отвори турнирот заедно со вицешампинот на Турција , Селкаспор како и шампионот на Финска екипата на Кокс . Општина Битола заедно со Ракометниот клуб Пелистер ќе бидат организатори и домаќини и ги повикуваат сите љубители на ракометот во Македонија да го посетат и уживаат во ракометните мајстории кои ќе се прикажат на премиерното издание на интернационалниот турнир “Боро Чурлевски” за кој се надеваат дека ќе стане традиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*