Home / Спорт / Се одржа 6-ти меѓународен турнир во фудбал за млади во Новаци

Се одржа 6-ти меѓународен турнир во фудбал за млади во Новаци

Со одигрувањето на финалните натпревари заврши годинашниот меѓународен  фудбалски турнир „“Новаци ЛГ Куп“ 2017, на кој фудбалските вештини ги одмерија околу 600 млади фудбалери, родени во  2004-2009 генерација од пионерските клубови на Србија, Грција, БИХ и Македонија.

На дводневниот фудбалски турнир  беа доделени следните награди:

Во генерација 2004  четвртото место го освои ФК Луци  од Србија, третото место го освои екипата на  ФК Фер плеј, второ место екипата од ЛГ Битола, а првото место и припадна на ФК Пас Флорина од Грција.

Во генерација 2004 за најдобар голман беше прогласен Атанасиос Ставридис од ФК Пас Флорина, најдобар стрелец беше  Михаил Талевски  од ЛГ Битола а за најдобар играч  беше прогласен Дамјан Стојковски од ЛГ Битола.

Во генерација 2006  четвртото  место го освои ФК Ферплеј, третото место му припадна на  фудбалерите ФК Перак Прилеп, второто место го освои екипата на ЛГ Битола, а првото место го освои екипата на  ФК Вардар.

Во генерација 2006 за најдобар голман беше прогласен Пасковски Андреј од ФК Перак, за најдобар стрелец беше прогласен Иван Каревски од ЛГ Битола, а  за најдобар играч беше  прогласен Петар Мишевски од ФК Вардар .

Во генерација 2008 –ма четврто место освои ФК Перак Прилеп, третото место го освоија фудбалерите на ФК Еврофудбал  , второ место ФК Ферплеј,  а првото место му припадна на ФК Талент од Битола.

Во генерација 2007 за најдобар голман беше прогласен Методиј Трајчевски од ФК Талент од Битола, најдобар стрелец Бујаровски Стефан од Еврофудбал а  најдобар играч Андреј Ристовски од Фер Плеј.

Во генерација 2009 четврто место во оваа генерација го  освои ФК Аламасија,третото место го освоија фудбалерите на ФК Пелистер, второ место ЛГ Битола, а првото место му припадна на екипата на Академија Постолов Пандев.

Во генерација 2009 за најдобар голман беше прогласен Крстевски Стефан од Прилеп,  најдобар играч Бојан Николовски од ЛГ Битола, а најдобар стрелец Димитар Панов од Академија Постолов Пандев.

Годинава се одржа  традиционалниот, шестти по ред, Меѓународен турнир во фудбал „Новаци ЛГ куп 2017“, на кој усчествуваа 20 екипи со по 40 тимови , 600 деца и 40 тренери од 20 фудбалски клубови од Македонија, Србија, БИХ и Грција. Натпреварите се одржуваа помеѓу фудбалерите од генерациите 2004-2009 година.Генерален покровител на турнирот беше градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!