Home / Uncategorized / Мицкоски:Пораз на политиките на Заев

Мицкоски:Пораз на политиките на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се обрати од прес-конфереција во врска со последните актуелни случувања на политички план во Македонија.

Тој порача дека ја разбира разочараноста кај луѓето, додавајќи дека тоа е пораз на политиките на Зоран Заев.

„Недобивањето на датум е лоша вест за Македонија. Државата влегува во разочарувње, а ова е последица на погрешните политики во последните неколку години. Тоа е пораз на политиките на Зоран Заев и оваа власт. Тоа е политика без концепт, арамилук, без визија. Таа политика не втурна во круг на себепорекнувања, за на крајот сето ова да заврши со неуспех. ЕУ продолжува да биде наша сратешка цел. Нема датум затоа што нема реформи, затоа што народот живее тешко. Нема друга држава каде криминалот царува со системот. Јас ја разбирам разочараноста на граѓаните. На народот му е преку глава од надумдрување на партиите. Кога велев да не им веруваме дека Заев ќе омекнувал срца на европски политичари. Крвави тендери, криминални иновации. Времето покажува дека сме во право тоа што го говоревме. Штетата е веќе направена“, порача Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*