Home / Uncategorized / Министерот Диме Спасов свечено го отвори Инфо-клубот на Правниот факултет

Министерот Диме Спасов свечено го отвори Инфо-клубот на Правниот факултет

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска беше во посета на Битола. Министерот Спасов се обрати на Конференција организирана по повод Денот на ОН и свечено го отвори Инфо клубот во рамки на Правниот факултет.

centar 3

Заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, постојаниот претставник на ОН во Република Македонија Лузиа Винтон, градоначалникот Владимир Талески и претставници на Универзитетот „Св.Климент Охридски”, денеска во Битола на симболичен начин, со поставување временска капсула го одбележаа 24 Октомври – Ден на Обединетите Нации.

centar 6

 

Националната манифестација се одржа под мотото „Светот што го сакаме во 2030 година” и првпат во историјата на овој град, јавните личности од државата и студентите од Универзитетот „Св.Климент Охридски”-Битола со пишување пораки кои ги ставија во временската капсула, посочија каква иднина сакаат во градот, државата и во светот во 2030 година.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*