Home / Вести / Мицкоски побара Влада за спас на Македонија

Мицкоски побара Влада за спас на Македонија


Зборувајќи на митингот во Битола лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски најавувајќи сигурна победа на претседателските избори му предложи на лидерот на СДСМ Зоран Заев веднаш по претседателските избори да формираат заедничка влада за спас на Република Македонија која на есен ќе организира предвремени парламентарни избори. Мицкоски притоа истакна дека доколку ВМРОДПМНЕ не го победи Заевизмот тој ќе поднесе оставка на лидерската функција а доколку Заев изгуби тоа и тој тоа да го направи.

Повикувајќи ги битолчани масовно да гласаат за Гордана Силјановска Давкова Мицкоски истакна дека Силјановска како одличен правник ќе се залага за почитување на правото и законите и дека ќе биде гарант на правната држава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!