Home / Вести / Недела на австралискиот филм во Битола

Недела на австралискиот филм во Битола

                

          Деновиве во Битола ќе се одржи недела на австралиски филм,

Ревијата на филмови ќе ја отвори амбасадорката на Австралија, Рут Стјуарт, в понеделник на 8 април во Центарот  за култура Битола.

На отворањето ќе биде прикажана комедијата „Црвениот пес”, филм кој освоил 11 награди и имал 15 номинации, меѓу кои и награда за најдобар филм на ААЦТА.

„Неделата на австралиски филм” за прв пат се одржува во Битола и е организирана во соработка со амбасадата на Австралија за Србија,  Македонија и Црна Гора,  и Кинотека на Македонија.

Во рамките на ревијата филмови ќе бидат прикажани пет филмови .

М.М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!