Don't Miss
Home / Вести / (Не)познати кандидатите за градоначалник на Битола на ВМРО ДПМНЕ

(Не)познати кандидатите за градоначалник на Битола на ВМРО ДПМНЕ

Иако засега во партијата молчат и не се изјаснуваат сепак од добро информирани извори на Битолски весник во ВМРО ДПМНЕ деновиве во тек е внатрепартиска анкета за кандидатите за градоначалник на Битола од оваа опозициона партија.

Во анкетите се испитува јавното мислење на битолчани за неколку кандидати.

Во игра за градоначалник од битолската ВМРО ДПМНЕ се: Тони Коњановски,Олга Лозановска, Силвана Ангелевска, Спире Мавровски, Пеце Милевски,Зоран Николовски,Соња Карапашовска, Виолета Ковачевиќ, Никола Котевски, Ненси Лозановска.

Кој од анкетираните кандидати ќе ја добие довербата на битолчани (ќе)знаат само анкетарите.

Дознаваме дека ВМРО ДПМНЕ паралелно деновиве им понуди да ги поддржи како кандидати за градоначалник и на неколку приватни успешни битолски бизнисмени, но тие дознаваме ги одбиле понудите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*