Home / Вести / Новаци за еколошки проекти доби 5.154.590 денари

Новаци за еколошки проекти доби 5.154.590 денари

       

        Општината Новаци од Министерството за животна средина за реализација на еколошки проекти ќе добие вкупно5.154.590 денари.

        Овие средства ќе бидат искористени за финансирање ан 7 еколошки проекти.

        Денеска градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски го потпиша Договорот за доделување на средства  со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Тие проекти се:

-Изградба на тротоари во с.Далбеговци, изградба на тротоари во с.Долно Агларци,изградба на атмосферска канлизација во с.Горно Агларци,изградба на пешачка патека во с.Старавина,изградба на тротоари во с.Градешница,изградба на брана во с.Брод,партерно уредување во с.Живојно.

За сите овие планирани проекти веќе во тек се тендерски постапки и истите ќе бидат реализирани во текот на летната градежна сезона.

        -Станува збор за распределба на средства остварени по основ на надоместок за производство на енргија од фосилни горива како наменски дотации како и по Програмата за унапредување со животната средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во Општина Новаци, вели градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*