Home / Uncategorized / Невладините организации и надлежните дискутираа за подобрување на животната средина

Невладините организации и надлежните дискутираа за подобрување на животната средина

Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање  Соња Липиткова заедно со градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески, денеска, во општинската зграда  остварија средба со граѓански и невладини организации од пелагонискиот регион.
-Од оваа година, концептот на работа во соработка со невладиниот сектор, ќе се движи во една насока на постојана перманентна комуникација на разговори, за сите проблеми во секторот на животната средина, на нивно укажување, за подобрување на одредени состојби, и воопшто функционалноста и унапредувањето на секторот за животна средина , изјави државниот секретар Липиткова.
Градоначалникот на општина Битола, го изрази своето задоволство за присуството на граѓанските и невладините организации, од кои во иднина очекува кретивни предлози и проекти посветени на екологијата и заштита на животната средина.
– Одлично е што сме денеска заедно, да ги разгледаме можностите, за подобра соработка со сите невладини организации кои сакаат да се занимаваат со екологија, а како локална самоуправа ќе преземеме дополнителни активности за откривање на вистинските причинители на загадувањето на воздухот во Битола и други проблеми кои ги предизвикуваат климатските промени,  истакна градоначалникот Владимир Талески.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*