Home / Uncategorized / Низа активности најавија од Здружението “За нас се работи“

Низа активности најавија од Здружението “За нас се работи“

Здружението “За нас се работи“ денеска на прес-конференција информираа за следните активности кои планираат да ги реализираат овој месец. За утре, кога во Македонија се одржува акцијата “Ден на дрвото“ од Здружението за чист воздух најавија крводарителска акција која ќе се одржи во нивните работни простории под Камен мост, а ќе организираат и други активности во текот на утрешниот ден.

-Во ситуација кога секој ден се дозволува загадувањето на воздухот во Битола, се дозволи во битолската Касарна да се исечат дрвата кои беа бели дробови за Битола, во една ваква ситуација кога мака мачиме сите како граѓани со амбиенталниот воздух, малку лицемерни се акциите како утрешната “Ден на дрвото“. Секоја продуктивна акција е за пофалба. Не е доволно еден ден да се прават акции, тие се неопходни во континуитет – изјави еден од челните луѓе на Здружението, Дуле Груевски.

Од Здружението го најавија објавувањето на ликовниот конкурс за сите основци и средношколци на тема  за животната средина, да се поттикнат младите да се грижат за еколошки чиста средина.

За в недела најавија еколошка акција, со цел да се исчистат неколку детектирани загадени површини, и ги повикаа граѓаните да им се придружат.

-Воедно од осми  до десети  декември ќе дојдат во Битола независни експерти  кои направиле двогодишна анализа за тоа какво е влијанието на термоелектраните врз животната средина. За скоро време ќе го најавиме и протестниот марш на кој ќе ги повикаме граѓаните на масовност  – изјави Дуле  Груевски.

Од приватната лабараторија која треба да постави мерни инструменти за мерење на загаденоста  изразиле  подготвеност во некоја смсила да бидат и донатори, информираа  од Здружението.

Од Здружението за чист воздух ја истакнаа идејата  средствата кои треба да им се дадат на изведувачите за дочекот на Нова година во Битола, тие да се откажат од хонорарите и тие средства да се пренаменат за активности поврзани за чист воздух во градот под Пелистер.

 

В.М.Мл  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*