Home / Спорт / Кико и Жолтио во Белград по пехарите

Кико и Жолтио во Белград по пехарите

Двајцата битолски мото кросисти Христијан Илиевски – Кико и Борче Костов – Жолтио, кои беа и македонска мото-крос репрезентација, деновиве треба да заминат за Белград, Србија каде треба да ги добијат пехарите за освоените пласмани во мото – крос во Југоисточна конкуренција.

Да потсетиме Христијан Илиевски во класата МХ1 го освои второто место, а Борче Костов во класата МХ3 е третопласиран. Двајцата ги извозија сите трки во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција и Турција, а не се одржа единствено трката во Молдавија.

-Ова е признание за двајцата, младиот Кико и јас како еден од поискусните мото-кросисти во Македонија. Се радувам на пласманот, но единствено ми е жал тоа што немаше други возачи од Македонија. Имавме напорни трки, а на некои трки буквално од пат се појавувавме на патеката. Немавме доволно тренинзи поради згуснатиот календар, но издржавме и освоивме места, кои ги направивме недостапни за многи возачи со многу повеќе пари од нас и со посилни мотори, со далеку поголема логистика и цели екипи соп нив. Ние иако не сметаа како аутсајдери сепак сами скоор без никаква помош постигнавме резултат за почит, вели Борче Костов – Жолтио кој во Белград треба да го прими и пехарот за минатата сезона.

-Прогласувањето на победниците од ланската сезона беше во Букурешт, Романија, но поради старата болка – немање на пари, не отпарував на доделувањето на пехарите. И оваа година имаме проблеми околу патот, но се надеваме дека ќе бидеме во Белград на големото шоу во знак на завршувањето на оваа европска сезона, додава Костов, кој веќе го има “капарено“ најновиот моторцикл “кавасаки“ од 2015 година, со кој ќе јуриша на петтата по ред титула во Македонија и секако подобар пласман на југоисточното првенство во мото-крос.

 

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*