Home / Uncategorized / НЛБ Тутунска банка ја продава Здравје Радово

НЛБ Тутунска банка ја продава Здравје Радово

Здравје Радово“ најголемата млекарница во Македонија ќе се продава. На 16-ти месецов извршител напрвил заплена во сопственичкиот удел во млекарницата.

Според официјален документ објавен на Централниот регистар, „Здравје Радово“ должи 4 милиони и 300 илјади евра како главен долг, 20 илјади евра по основ на камата, и 9 илјади евра плус ДДВ – трошоци за извршител.

Продажбата на млекарницата ќе ја прави НЛБ Тутунска банка од каде млекарницата земала кредити, а не ги враќала.

Две фирми се јавуваат како сопственици во „Здравје Радово“. 99 проценти од млекарницата се во сопственост на Земјоделкиот комбинат Пелагонија, а 1 процент поседува компанијата Пелагонија Енерџи ДООЕЛ.

Сопственици на ЗК Пелагонија се Орка Холдинг на Орце Камчев, Цветан Панделевски и контроверзната оф шор фирма „Ексико“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*