.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Нуркачи трагаат по удавениот капач во Претор

Нуркачи трагаат по удавениот капач во Претор

                            

          По давењето на младото момче во Претор засега сеуште не е извлечено неговото тело од водите на Преспанското езеро.

          Доцна попладнево во потрагата на удавеното момче се вклучиле и нуркачи кои стигнале од Охрид.

          Но прашање е дали тие вечерва ќе  можат  да ја продолжат потрагата по удавенто дете.

          Според тие кои го познавале  момчето станува збор за  капач на возраст од 16-17 години, жител од селото Јанковец, Ресен.

          Тоа  наводно се удавило на тој начин што тројца другари се возеле со педалинка. Во еден момент педалинката се првртела, двете од трите дечиња испливале на брегот, а еден од капачите потонал во водата.

          Сите напори на присутните  да го спасат малолетното дете не успеале. Тие се обиделе да го пронајдат и со мрежа, но сето тоа било залудно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*