Home / Вести / Одбележан денот на полицијата во Битола

Одбележан денот на полицијата во Битола

          Со полагање на букети свежи цвеќиња пред спомен обележјата на бранителите, кои загинаа во конфликтот во 2001 година, во дворот на СВР Битола и споменикот  “Ангел“,  кај Градскиот часовник,  битолската полиција го одбележа  својот празник 7 мај, Денот на македонската полиција, кој почна да се одбележува од 20 април 1993 година, кога со  одлука на Владата на Република Македонија овој ден  е прогласен за Ден на македонската полиција.

-Оваа година поради новонастанатата ситуација со коринавирусот  одбележувањето на празникот го сведовме  исклучиво на  положување цвеќе пред спомениците на бранителите, истакна портпароклката на СВР Битола, Сања Стаматова, која  упати  честитки до македонската полиција, која и во оваа ситуација,на пандемија,  како и многу  пати досега професионално и одговорно ги извршува поставените задачи, со кои ја гарантира слободата и безбедноста на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*