Home / Економија / Околу седум илјади буџетари во Србија во 2015 година ќе останат без работа

Околу седум илјади буџетари во Србија во 2015 година ќе останат без работа

Во буџетот на Србија за следната година се предвидени 6,5 милијарди динари помалку за плати, што значи дека околу седум илјади лица, кои примаат плата од буџетските средства ќе останат без работа, пишува весникот „Блиц“.

Трошоците на сите министерства за намалени во просек за 15 отсто.

Освен намалување на платите на вработени во државниот сектор за десет отсто, што веќе се применува, многумина кои досега добивале и некои други дополнителни средства, ќе треба да заборават на нив, додава „Блиц“.

Во нацрт­буџетот е наведено дека повеќе нема да има нетранспарентни бонуси, односно освен на платата, работниците ќе можат да сметаат само на награди, кои се даваат за време на јубилеи.

Најмногу средства се предвидени за земјоделците, 36,5 отсто, потоа за економијата 18,9 проценти, за железниците 14,1 отсто, а за патиштата 8,2 проценти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*