Don't Miss
Home / Вести / Општина Битола аплицира со над 30 апликации за новиот Јавен повик од Владата

Општина Битола аплицира со над 30 апликации за новиот Јавен повик од Владата

Над 30 проекти од различни потреби на општественото живеење, преку соодветни апликации ќе бидат доставени до министерствата за новиот Јавен повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА.

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, ги потпиша проектните апликации, a преку нив Општина Битола има за цел да обезбеди финансиска помош за реализација на приоритетни проекти кои се од големо значење за граѓаните и локалниот развој.

Со поднесувањето на овие апликации покажуваме подготвеност, транспарентност и визија за подобра Битола. Ќе продолжиме со интензивна работа на сите нивоа за да обезбедиме што повеќе средства и инвестиции во нашата општина, посочи градоначалникот Коњановски.

Предвидените проекти опфаќаат реконструкција на голем број улици во градот и населените места во општината. Во дел од нив, покрај коловозот, реконструкцијата опфаќа промена на канализационата и водоводната мрежа.

Проектните апликации вклучуваат и изградба на три спортски сали во основните училишта „Стив Наумов“, „Тодор Ангелевски“ и во ПОУ „Даме Груев“ во с. Долно Оризари, како и 10 спортски игралишта во училиштата, со соодветно осветлување. Во однос на спортските терени, предвидена е изградба на атлетски патеки и борилиште во стадионот „Петар Милошевски“.

Опфатени се и два проекти за изградба на објекти на Терариум и нов дел за копитарите во битолската Зоолошка градина, како и реконструкција на месните заедници во с. Кременица и с. Крклино.

Со овој повик, е предвидена реконструкција на објектот кој е наменет за училиште во населбата Буковски ливади, како и изградба на паркинг простори на неколку локации во градот.

Вкупната вредност на проектите со кои општина Битола ќе аплицира на јавниот повик е околу 800.000.000 денари.

Повикот за аплицирањето до соодветните министерства трае до 30 април, по што министерствата ќе ги соопштат одобрените апликации за проекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*