Home / Вести / Општина Битола и Министерството за култура ветија целосна поддршка за “Малиот битолски Монмартр“

Општина Битола и Министерството за култура ветија целосна поддршка за “Малиот битолски Монмартр“

По објавата на „Апелот за спас на Малиот Битолски Монмартр“ на социјалните мрежи, во кој се вели дека Министерството за образование и наука ги укинува средствата наменети за оваа институција, општина Битола и Советот на општината денеска соопштија дека   застануват зад делото на Коста Хаџиантоновски, творецот на најголемата и најзначајна детска ликовна колонија кај нас и во светот, која 41 година е македонски бренд во светот.

Со ребалансот на буџетот, до крајот на оваа година, ќе бидат одвоени средства за исплата на плата на едно лице (технички секретар) и трошоците за струја, со што ќе продолжи функционалноста на оваа институција, се вели во соопштението на Општината лиферувано доцна попладнево.

Своја поддршка за “Малиот битолски Монмартр “ вети и Министерството за култура.

Во соопштението на ова Министерство се вели:

Министерството за култура поддава рака и го презема функционирањето  на “Мал Битолски Монмартр”.

Ова следува откако беше објавен апел за спас на “Мал Битолски Монмартр” на социјалните медиуми, откако министерството за образование одлучи дека по 40 години финансиските средствата ги стопира за Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола, а со тоа култниот светски бренд „Мал Битолски Монмартр”.

-И понатаму ќе течат нивните активности така што учениците од 5 до 2О годишна возраст кои бесплатно ликовно ќе продолжат да се едуцирааат и го развиваат својот талент во нашите простории но и низ детските ликовни колонии од Хонг Конг [ Кина ] па до Португалија, велат од министерството за култура.

Изминатите шест месеци нивните ученици зедоа учество на 1О светски детски ликовни конкурси и пет светски детски ликовни колонии кои освоиле над 85 награди.

Инаку Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј”, веќе 41 година е организатор на најстарата светска детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“.  

Низ изминатите децении, илјадници детски цртежи од оваа колонија ги красат ѕидовите на престижни институции во државата, а секој мај, Битола е исполнета со џагорот на децата – ликовни уметници од целиот свет.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*