Don't Miss
Home / Вести / Остранети сите монтажни гаражи зад ЈАТ

Остранети сите монтажни гаражи зад ЈАТ

        И покрај противењето на станарите екипите на ЈП “ Нискоградба “ денеска  ги остранија сите монтажни гаражи зад ЈАТ во Битола.

        Со остранувањето на гаражите се ослободи место за паркирање од најмалку 1.500 м 2.

 Остранувањето на гаражите почна по донесувањето на одлуката од страна на Советот, на седницата одржана во мај, на која  локалната самоуправа одлучи  да ги острани гаражите зад ЈАТ.    

Според замислата на локалната власт на тој простор, од 1.500 м2, и кој  ги опфаќа и поранешните бараки на судот за прекршоци ќе се гради паркинг простор.

И покрај тоа што на овој простор според ДУП требаше да се гради катна гаража, сепак локалната самоуправа се откажа од таквата идеја и одлучи да гради само паркинг простор, кој ѓе биде партерно уреден.

        Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски им даде цврсто ветување на станароте дека зад ЈАТ нема да се гради катна гаража.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*