Home / Вести / Општината Битола со акција за остранување на сите диви објекти и монтажни гаражи

Општината Битола со акција за остранување на сите диви објекти и монтажни гаражи

                       

Општината Битола на чело со градоначалникот Тони Коњановски одлучи да му стави крај на хаосот со  градбата на дивите времени објекти и монтажни гараѓи.

По успешното завршување на акцијата за отстранување на дивите  гаражи и објекти  зад зградата  на ЈАТ, Општина Битола,  деновиве ќе продолжи со расчистување на јавните површини од вакви објекти, со цел соодветно урбано уредување на повеќе локации во градот, изградба на нови детски катчиња за игра и рекреација на најмладите, хортикултурно уредување на јавните површини и создавање на нови паркинг и партерно уредени простори.

По остранувањето на дивите гаражи кај ЈАТ на ред  се дивио поставените монтажни гаражи и објекти  на улицата “Цане Василев “ поточно кај Дебојот во близина на Градскиот пазар.

На ваквиот потег за целосноостранувањ ена дивите објекти и монтажни гаражи општината се реши по големата поддршка што ја доби од најголемиот број грагани на битола и извршената анкета, во која над 80 осто од граганите ја поддржаа акцијата.

Од тие причини, а согласно и добиеното позитивно мислење од страна на јавноста Општиаѕа Битола денеска со јавно соопштение  ги извести граѓаните, дека потребно е да пристапат кон самостојно остранување на диво поставените гаражи, со цел да се создадат услови за непречена реализација на предвидените активности и истовремено да се стави ред во користењето на јавните површини во градот, во интерес на сите граѓани.

Општина Битола, согласно своите програми за работа, планира уредување на повеќе локации на кои во моментот се наоѓаат вакви објекти, а за уредување на паркинг просторот на улицата „Цане Василев“, веќе е изготвена и проектна документација, с евели во инфорацијата од локалната самоуправа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*