Home / Вести / Младите ликовни уметници од Детското ликовно студио од Битола среда на протест пред Министерството за образование

Младите ликовни уметници од Детското ликовно студио од Битола среда на протест пред Министерството за образование

 Управниот одбор на Детското ликовно студио “Св. Кирил и Методиј” Битола донесе Одлука возрасната група на членовите, во среда 31 август 2022 година да сликаат пред Министерството за образование и наука на Македонија од 10 до 13 часот.

         Целта е  враќање на статусот на Детското  ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола кој по 30 години е прекинат од страна на Министерството за образование и наука на Македонија со што 55 годишната организација ќе мора да биде затворена, а светскиот детски ликовен бренд “Мал Битолски Монмартр” по 41 година прекинат.

        Трошоците за патување во Скопје ќе бидат платени од донациите кои Детското ликовно студио “Св.Кирил и Методиј” Битола ги собра во изминатиот викенд од доброволните прилози на битолчани кои беа собирани во Старата битолска чаршија.

 Управниот одбор на Детско ликовно студио “Св. Кирил и Методиј” Битола донесе одлука членовите на студиото  во сабота, 3 септември  да сликаат на Широк Сокак за собирање донации за  купување на работен материјал и почеток на распишување на Конкурсот за 41 Светска детска ликовна изложба “Битола 2023”.

За време на протестот во среда во Скопје, пред Министерството за образование и наука, кој е закажан  за во   11 часот, Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола ќе одржи  прес конференција, на која се поканети да присуствуваат сите граѓани на Скопје, но и амбасадори на дипломатско конзуларните претставништва од сите земји  во Македонија.

Инаку по прекинот на финасирање на еден вработен во Студиото, УО на Детското ликовно студио, кој функционира како кризен штаб, деновиве  за помош се обрати до Општината Битола, која изрази подготвеност до крајот на годината да обезбеди средства   од Ребалансот на буџетот за функционирање на студиото, а  одби  секаква соработка со Министерствто за култура и образование и наука.

Воедно  во саботата и неделата,  додека децата цртаа пред Галеријата на студиото се собираа  донации  за помош Студиото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*