Home / Вести / Родители на младите уметници контра протестот пред МОН

Родители на младите уметници контра протестот пред МОН

               

 Управниот одбор на Детското ликовно студио “Св. Кирил и Методиј” Битола донесе одлука возрасната група на членовите, утре, н  31 август  година да сликаат пред Министерството за образование и наука на Македонија од 10 до 13 часот.

         Целта е  велат од УО,  враќање на статусот на Детското  ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола во МОН  кој по 30 години е прекинат од страна на Министерството за образование и наука на Македонија со што 55 годишната организација ќе мора да биде затворена, а светскиот детски ликовен бренд “Мал Битолски Монмартр” по 41 година прекинат.

        Утре пред МОН  Детското ликовно студио “Св.Кирил и Методиј” Битола, со почеток во 11 часот  ќе одржи и  прес конференција, на која се поканети да присуствуваат граѓани на Скопје, но и амбасадори на дипломатско конзуларните претставништва од сите земји  во Македонија.

         Иако зад ваквите одлуки  на УО од Детското ликовно студио велат дека стојат и родителите, сепак добар дел од родителите  на децата кои се членови на Студиото регаираат за ваквите постапки на УО и  велат немаат намера да ги пуштаат децата да цртаат во  Скопје, бидејќи не сакаат младите ликовни уметници да бидат инволвирани во политички игри, кои очигледно е дека  во последно време се случуваат во Детското ликовно студио

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*