Home / Uncategorized / Османи:Евроинтеграциите немаат алтернатива

Османи:Евроинтеграциите немаат алтернатива

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Од прес службата на Османи соопштија дека разговарале за напредокот во меѓусебната соработка, активностите на двете земји за унапредување на комуникацијата, како и мерки за градење доверба меѓу двете земји.

Османи изразил надеж дека во периодот што следи ќе се засилат мерките за градење доверба во сите области – економијата, културата, образованието, екологијата, меѓуграничната соработка, енергетиката, транспортот… со што покрај изградбата на довербата меѓу општествата, граѓаните ќе можат и директно да ги почувствуваат бенефитите од оваа соработка.

Двајцата соговорници се согласиле дека евро-атлантските интеграции на земјава се единствена алтернатива со која ќе се зајакнат и стабилноста и безбедноста на регионот, како и да се одржи комуникацијата меѓу двете земји со отворен дијалог за партнерство

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*