Home / Вести / Пандемијата не стивнува,почина еден битолчанец

Пандемијата не стивнува,почина еден битолчанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19. Во наведениот период починале пет лица, а оздравеле 135 пациенти.

Починале пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г).

Најголем број од новите случаи се од Скопје-45. Потоа во Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, Македонски Брод-1, Виница-1 и Кичево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-16, Тетово-10, Велес-1, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-4, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Кочани-4, Пробиштип-2, Пехчево-2, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.

Вкупната бројка на заболени од почетокот на епидемијата изнесува 16.867, бројката на оздравени пациенти е 14.084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.078.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на ковид-19, едно дете и една мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца нови, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 162, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 64
• Гази Баба – 72
• Аеродром – 87
• Карпош – 68
• Центар – 80
• Кисела Вода – 53
• Ѓорче Петров – 36
• Бутел – 31
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 10
• Сарај – 13
• Арачиново – 9
• Илинден – 16
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 7
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-6

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*