Home / Вести / Парите потрошени, ништо од изградбата на градинката во АРМ

Парите потрошени, ништо од изградбата на градинката во АРМ

          

            Од изградбата на детската градина во АРМ, која општина Битола требаше да ја изгради  фирмата БВ инженеринг,  со финансиска поддршка на германската компанија “ Кромберг и Шуберт “ нема ништо.

            Откако пред тоа си ги наплати некои ситуации,  градежната компанија БВ инженеринг, која неодамна со голема помпа прослави 20 години од своето наводно успешно работење и која се пофали дека во склоп на компанијата работаат уште 15  други фирми, прекина со градбата на градинката.

            Денеска кога ја посетивме локацијата каде требаше да се гради радинката на градилиштето не затекнавме никој.

            Сите градежни машини се повлечени, а отстранета е и оградата,  сите банери на кои можеше да се види кој ќе ја гради градинката, колку изнесува проектот и други информации кои по законска основа треба да стојат кај градилиштето.

Откако престана БВ инженеринг да гради, Општината Битола почна постапка на раскин на договорот со изедувачот БВ инженеринг поради ненавремено завршување на активностите за изградба на градинката во АРМ.

Проектот за изградба на градинката го започна претходната локална власт, кога градоначалничка беше Наташа Петровска,  кога беше најавено дека ќе се подигне со германската инвестиција и во добар дел со поддршка на Министерство за труд и социјална политика. Требаше да згрижува 150 деца со што ќе се намалеше листата на чекање што постои во градинките.

Порталот на Битолски весник уште пред повеќе од  1,5  години, поточно на 7 април 2021 година го постави прашањето за доцнењето на работите на градинката, но за таквите укажувања од  претходната локална самоуправа бевме обвинети дека ширими лажни вести и буквално  мува не ги лазеше.

Еве што пишуваше Порталот на Битолски весник по почетокот и престанокот на работите на градинката, кои беа стопирани веднаш по копањето на камен темелникот.

              –  Кога на 15 јануари годинава фирмата БВ инженеринг – Битола го означи почетокот на градежните работи на новата детска градинка која , по пат на јавно приватно партнерство заеднички  ја градат Општината Битола и фирмата “Кромберг и Шуберт“ многумина се израдуваа дека конечно Битола за брзо време ќе добие нова детска градинка со капацитет од 150 деца во една смена. Но за жал иако изминаа скоро 3 месеци од почетокот на изградбата на градинката работите стојат во место.

        Денеска кога  го посетивме просторот  во АРМ каде што се гради градинката не затекнавме ниту еден мајстор или градежен работник.       За жал  согворниците кои живеат на тој дел од Битола ни рекоа дека таква е состојбата  уште од стартот на изградбата на градинката.

        -Освем што е  само заградено градилиштето, речиси три месеци  воопшто не се работи  на изградба на  градинката, ни изјавија нашите соговорници.   

Сите наши настојувања да бидеме информација од изведувачот на работите, фирмата БВ инженеринг зошто се прекинати или стојат  в место  работите, не вродија со плод.   Едноставно од фирмата никој не не удостои со одговор.

        Навистина чудно е зошто  фирмата БВ инженеринг ги стопира работите, пишуваше тогаш порталот на Битолски весник.

        Инаку според планот  градинката требаше да  се гради во 2 фази. Првата  беше  планирано  да биде завршена  за  24 месеци.

         Градинката зафаќа површина на градежната парцела од 2189 м2, додека површината на градба, предвидена за објектот детска градинка П+1, ќе зафаќа 1618 м2.

         Фирмата БВ инженеринг  во изминатиот период, во мандатите на екс градоначалникот на Битола,  Владимир Талески  и на Натша Петровска  добиваше многу тендери и работеше на многу објекти, но за жал  некои од нив  сеуште не се изградени

            Иако оваа градежна компанија,  во последно време доста се (ра)шири  сепак очигледо е дека нема капацитет да ги завршува објектите и истите не ги довршува.

            Со стопирањето на градбата на градинката во АРМ БВ инженеринг  и општина Битола едноставно си поиграа со довербата на “ Кромберг “ и Шуберт која издвои значајни средства за изградба на градинката.

            Останува нејасно како оваа компанија успева да добива толку тендери  кога зад себе има  толку лошо СВ и кој ќе ги сноси последиците за стопирањето на работите за изградба на градинакта во АРМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*