Home / Вести / “ Партизанска “ во став мирно

“ Партизанска “ во став мирно

       

Улицата “ Партизанска“ е во став “мирно“.

По укажувањето на дел од станарите кои живеат на “Партизанска “ дека на улицата со денови речиси ништо не се работи, направивме обиколка.

Во моментот кога го подготвуваве  овој текст на улицата работеа само двајца работници кои со две лопати нешто работеа но не улицата, туку покрај неа.

          Граѓаните прашуваат кога улицата ќе биде завршена  и до кога изведувачот на работите мисли со двајца работници истата да ја реконструира.

          Инаку проектот за реконструкција на улицата го доби струмичката фирма “ Жикол „ а подизведувачи се ЈП “ Нискогардба “ и ЈП “ Водовод “, кои ги прават приклучоците за кнализацијата и водововодот.

 Според информации на Битолски весник улицата треба да биде целосно завршена до почетокот на месец ноември.

Дали со ваквата динамика изведувачот ќе ја заврши работата ќе покаже времето.Но како што стојат работите по се изгледа дека тоа тешко ке му појде од рака.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*