Денес ќе најавам еден проект кој како предлог произлезе од самите битолчани, по што извршивме и конкретна анализа на реалните потреби и оправданоста.
Општината ќе формира посебен Оддел за давање помош во домашни услови на старите и изнемоштени лица и лицата со посебни потреби.
Новата патронажна служба која ќе функционира во рамките на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ и ќе ги сервисира граѓаните кои имаат потреба од домашна нега и грижа, а нивната состојба дозволува да се избегне згрижување во болница или геронтолошка установа.
Службата ќе обезбедува лична и домашна хигиена, подготвување на храна и исхрана, облекување, затоплување на просториите, придружување и обезбедување на преглед од матичен лекар, плаќање на сметки итн.
Проектот ќе чини 4.220.000 денари, а со реализација ќе почнеме на почетокот на следната година.
Во оваа прилика сакам да најавам уште една мерка на општината за подигнување на основната информатичка култура кај старите лица и лицата со попреченост.
Ќе ги субвенционираме постоечките и ќе организираме почетни курсеви за основно познавање на работа со компјутер, интернет, комуникација преку социјални мрежи и користење на мобилни апликации.
Ова е во прилог на нашата решеност општината, во рамките на своите надлежности, да биде општина на сите граѓани независно од возраста,истакна на прес конференцијата Зоран Илиоски,кандидат за градоначалник на Битола.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
