Home / Вести / Пеце Милевски: Ќе изградиме нов Градски парк во Нова Битола

Пеце Милевски: Ќе изградиме нов Градски парк во Нова Битола

           

            Во врска со претстојните локални избори денеска прес конференција одржа ноистлот на  советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Пеце Милевски.

            -Сега имаме неповторлива можност да потврдиме дека нашата Битола можеме да ја направиме нормално и убаво место за живеење.

 Еден од проектите кој го најавуваме е проектирање и изградба на НОВ ГРАДСКИ ПАРК на територија на Нова Битола, со авантуристички содржини за деца и возрасни. Паркот планирано е да има и хортикултурно и партерно уредување, детско катче и спортски рекреативен дел.

Овој парк не само што ќе е вистински напредок во одржливата урбанизација на градот, туку ќе претставува вистинска атракција и задоволство на граѓаните од сите возрасти.

Овие четири години зад нас, не само што не беше изграден нов парк туку и постојните паркови ги запуштија и уништија. Бевте сведоци дека не можеа да се справат со основната хигиена во градот и зелените површини. Убеден сум дека сите заедно, со ваша поддршка и непосредна вклученост, од Битола ќе направиме, удобно место за живеење на сите категории граѓани. Паркот во Нова Битола, го започнуваме веднаш, како нова локална самоуправа на задоволство на сите.

Посветено, чесно, сериозно отпочнуваме со реализација на проекти,  кои ќе ја променат нашата заедничка иднина. Заедно за број седум на седумнаесетти! рече Милевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*