Don't Miss
Home / Вести / Пелистер симбол на обединување-презентација на активностите и студијата за развој на НП Пелистер

Пелистер симбол на обединување-презентација на активностите и студијата за развој на НП Пелистер

Во салата на Советот на Општина Битола во организација на Националниот Парк Пелистер се одржа средба на Советот на засегнатите страни на која присуствуваа градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски и претставници од оваа јавна установа, професори од Факултетот за туризам, советници во Советот на Општина Битола и останати присутни, љубители на Пелистер.

На средбата беше промовирана и Студија за развој на летниот и зимскиот туризам на Пелистер, финансирана од Општина Битола со одлука на Советот на општината, согласно Програмата за туризам.

Градоначалникот Тони Коњановски истакна дека еко-туризмот може да биде еден од важните локални економски двигатели за регионот.
Потенцијалите што ги има Пелистер се огромни, добро познати на сите, но, сите ќе се сложиме дека се недоволно искористени. Она што го нуди оваа студија, треба да придонесе прво да ги согледаме потенцијалите кои што ги имаме, но, и она што не сме свесни дека постои. Да ги сублимираме европските искуства во овој дел на развојот на туризмот и да направиме една сеопфатна студија, која ќе ги укаже потенцијалите имајќи го во предвид еколошкиот пристап во делот на развојот на туризмот, развојот на заедницата, локалниот економски развој, а еден од двигателите за локалниот економски развој се потенцијалите кои ги нуди туризмот. Сите заедно треба да направиме нешто за целиот регион, бидејќи
Пелистер не е само на Битола, туку и на целиот регион
– рече градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Директорот на Националниот парк Пелистер Иванчо Тошевски, пред присутните ги истакна предизвиците со кои се соочува НП Пелистер во овој период, плановите за работа во 2025 година и целосното воспоставување на систем на планински патеки.

Целта на овие средби кои се почесто ќе се организираат во периодот што следува е транспарентноста на Националниот парк Пелистер во интерес на сите. Воедно, целта на средбата е да ги запознаеме присутните со какви предизвици се соочуваме како јавна установа Национален парк Пелистер, кои се ризиците и можните решенија од затекнатите состојби од едно минато време и да презентираме пред присутните што е она што како Национален парк ќе работиме во текот на годината и периодот што ни претстои. Покрај промотивни настани за Националниот парк, новина ќе биде новото брендирање на Националниот парк Пелистер, изработката на нова интернет страница со целосно воспоставен систем на планински патеки онака како што му доликува на еден Национален парк. Главната поента на оваа средба е изработката на студијата за развој на туризмот во Националниот парк Пелистер, веќе остваривме неколку средби со професори од Факултетот за угостителство и туризам и да информираме до каде сме, за понатаму сите чинители во оваа приказна да дадат свои предлози, свои решенија, а сето тоа ние имаме обврска да го земеме предвид при финализирање на таа студија за развој на туризмот-изјави на денешниот настан, Иванчо Тошевски директор на ЈОУ Национален парк Пелистер.

Пред присутните беа презентирани новата веб страница и новото
брендирање (лого) на Националниот парк Пелистер.

Еден од изработувачите на студијата, проф. д-р Сашо Коруновки, посочи дека вредностите на Пелистер треба да се користат, но, не да се искористат, туку да се зачуваат и за идните генерации.

Студијата користи инклузивен пристап и пред се има за цел да овозможи успешен туризам не само на Пелистер, туку и на Битола. За развој на туризмот е потребна одржлива инфраструктура и добра продажба, односно добро понудени потенцијали на туристите, истакна Коруновски.

Текст и фото: Васка М.Младеновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*