Home / Култура / По 25 години пауза повторно претстава за деца во Битолскиот театар

По 25 години пауза повторно претстава за деца во Битолскиот театар

       

          По пауза од речиси 25 години НУ Народен театар – Битола на својата сцена повторно ќе изведе театарска претстава за деца.

          На сцената на 6 декември премиерно ќе биде прикажана претставата  „Си беше еднаш во иднината“ чиј автор е Сашо Кокаланов, а режисер Срѓан Јаниќијевиќ.

-Децата и младинците се публика која треба да се едуцира и затоа е добро што Министерството за култура го поддржа овој наш театарски проект посветен за најмладите,  нагласи директорот на битолскиот театар, Иван Јерчиќ во врска со најновиот проект на битолскиот театар.

Во  претставата „Си беше еднаш во иднина“ ќе настапат  Сандра Грибовска, Анастасија Христовска, Огнен Дранговски, Валентина Грамосли, Николче Пројчевски, Никола Стефанов, Филип Мирчевски и Елена Моше.

-Очекувам оваа претстава да се игра долго време бидејќи е возбудлива за децата. Претставата вознемирува затоа што потсетува на времето кога децата по цел ден беа надвор од домот играа детски игри, а сега не излегуваат од дома и се пред компјутер затоа што возрасните им ги исекоа дрвјата, ги уништија игралиштата и направија паркиралишта. Оваа претстава е од жанрот есеј комедија, храбар проект кој треба да се погледне“, порача режисерот Јаниќијевиќ.

Да потсетиме последната престава за деца во изведба на Народниот театар Битола, “Пинокио“беше одиграна пред точно 25 години.

М.М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*